Џенова се чини беше без шанси за добар резултат на вечерашниот дуел со Јувентус и загуби убедливо со 3:1. Горан Пандев беше на клупата, влезе предоцна на десетина минути пред крајот и се чини не можеше да стори ништо повеќе во битката за опстанок.

Лидерот кој е цврсто решен да ја освои титулата, во првиот дел не успеа да погоди, но затоа во период од само 6 минути на стартот на второто полувреме веќе имаше предност од 2:0. Дибала отвори во 50′, додека Роналдо зголеми на 2:0 шест минути подоцна.

 

Даглас Коста во 73′ веќе донесе предност од 3:0, за домашните да постигна почесен гол во 76′ преку Пинамонти, кој потоа му го препушти своето место во нападот на нашиот капитен.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore