Традиционално и за ова година, респектабилниот ракометен портал “Балкан – хандбол“, ги избра најдобрите од Екс – Ју просторите за 2020 година. Изборот беше добиен по пат на гласање, а најдобриот тренер од овие простори е Лино Червар, селекторот на Хрватска. Тој ги победи Веселин Вујовиќ, Драган Аџиќ, Љубомир Обрадовиќ и Зоран Рогановиќ.

За најдобар ракометар е прогласен Домагој Дувњак, исто од Хрватска. Тој во гласањето имаше повеќе гласови од Петар Ненадиќ, Игор Карачиќ, Деан Бомбач и Бењамин Буриќ.

Кај дамите пак, најдобра е Јованка Радичевиќ, и тоа пред Андреа Лекиќ, Ана Грос, Андреа Кобетиќ…