Резервниот голман на Интер Томазо Берни е уникат во светскиот фудбал. Тој има два црвени картони, а нема ниту еден настап за својот тим.

Тој на натпреварот со Парма доби црвен картон од клупата, поради приговор.

Претходно имаше уште едно исклучување. Инаку Берни е во Интер веќе шест сезони, и натаму го чека првиот настап.