Град Скопје ги претставува идејните решенија за три нови летни сцени во Градскиот парк

25.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Град Скопје ги претставува идејните решенија за три нови летни сцени во Градскиот парк

Вечерва (25 јуни) со почетоко во 19 часот Град Скопје организира изложба на отворено на која ќе бидат прикажани пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк.

Изложбените паноа ќе бидат поставени на улицата пред седиштето на Град Скопје.

Градските власти информираат дека на конкурсот пристигнале 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот, во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

Градот ќе додели три први награди од 70.000 денари, за најдобрите на секоја локација.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата