Утре ден за втората фаза авионско прскање против комарци во Скопје

25.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Утре ден за втората фаза авионско прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре во раните утрински часови.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата