На денешната седница на Владата е разгледана информацијата за исплата на пензиите за јуни 2020 година, со утврден распоред за исплата на пензиите за месец јуни со цел да се избегне ризикот од Ковид-19, според која сите банки дале согласност јунските пензии да бидат предвреме процесуирани за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 26.06.2020 година, како и согласност безготовинската исплата да се овозможи од 26.06.2020 година, односно јунските пензии да се користат преку банкомати и во трговска мрежа од 26.06.2020 година.
За оваа цел, потребно е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.06.2020 година, а деловните банки од 26.06.2020 година да обезбедат пензионерите со јунските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:
– за пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.6.2020 година (петок);
– за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.6.2020 година (понеделник);
– за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2020 година (вторник); и
– за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.7.2020 година (среда).
извор: Makfax