Водата во Скопје безбедна за пиење

22.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата за пиење е безбедна, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 39 мерни места во Скопје.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 15 до 19 јуни се земени вкупно 182 примероци за анализа.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во денешното соопштение. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата