„Социјалдемократска влада зборува дека е на страна на граѓаните, А ЗГОЛЕМИ РАБОТНИ ЧАСОВИ ОД 40 на 60“

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Социјалдемократска влада зборува дека е на страна на граѓаните, А ЗГОЛЕМИ РАБОТНИ ЧАСОВИ ОД 40 на 60“

Нема ден да не помине, а да нема некое ново разочарување кое што владата го приредува на граѓаните, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ на средба со жителите на тетовско Сараќино во акцијата Ова е Македонија за сите.

Димитриеска Кочоска посочи дека во собранието се изгласани закони кои се штетни за граѓаните, потенцирајќи дека додека зборуваат дека се социјалдемократска влада гласаат измени на закон за работни односи и зголемување на работните часови од 40 на 60 во текот на работната недела.

Бевме сведоци на тоа дека власта донесе закони со кои што поистоветуваше легализирани објекти и нелегализирани објекти. Власта во исто време го погази законот за градење и законот за урбанистичко планирање. Закони кои што веќе функционираат во државата, власта во исто време донесе одлука да работните часови наместо 40 во текот на неделата станат 60. Значи внимавајте социјалдемократска влада која што постојано зборува дека е на страна на граѓаните денес донесе одлука да се зголемат работните часови од 40 на 60, истакна таа.

И најтажно е што сето тоа го прават заради корупција и криминал. Ако сакаат да донесат вакви закони со кои што ги погазуваат законите кои што веќе биле значи во согласност со европските закони и норми, тогаш зошто не го направија претходно. Го носат денеска откако повторно произлезено од овие закони зошто подоцна ги носат плаќаме казнени пенали од 53 милиони евра за коридорот 8, 15 милиони евра секоја година заради повторно тој закон не го донесоа така како што го договарале. И да не заборавиме значи ова е само последна коруптивна зделка, бидејќи не можам да кажам ништо друго освен дека овие пари ќе се користат за корупција и криминал и финансирање на кампањата на следните избори, смета таа.

Димитриеска Кочоска се осврна и на задолжувањата од страна ан владата на СДС и ДУИ и додаде дека со тоа што владата ќе плати 86 милиони евра казнени пенали ќе можела за тие пари да изгради Клинички центар.

Во континуитет имаме само дополнителни задолжувања и носење на одлуки, со цел да се загорчи животот  на граѓаните. Е сега ги спомнав 86 милиони евра казнени пенали, точно колку што ќе чинеше да се изгради еден пристоен Клинички центар, рече таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата