Се распрсна тезата дека ВМРО се бори за власт, понудата за широка влада без ДУИ доказ дека Македонија е на прво место

8.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се распрсна тезата дека ВМРО се бори за власт, понудата за широка влада без ДУИ доказ дека Македонија е на прво место

Помина лидерската средба и пропаднаа сите  дотогаш кажани шпекулации пласирани од страна на власта. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Димитар Ковачевски вчера на средбата ги отворија картите со што пропаднаа сите дотогашни тези на власта дека има мнозинство за уставни измени во моментов, како и тоа дека Мицкоски се бори само за власт, а не за државни интереси.

Повеќе од година дена, колку што Ковачевски одбиваше да се сретне со Мицкоски, толку долго од СДСМ пласираа во јавноста тези дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ се противи на вакви услови и околности за уставни измени, значело дека Мицкоски се борел само за власт и неконструктивно се однесувал.

Минатата година Ковачевски без консултации, без широк консензус, без да ги послуша и народот и мислењето на експертите и опозицијата со леснотија го прифати францускиот предлог за преговарачката рамка. Истиот во ваков концепт, ако сега се оствари барањето за внесување на Бугарите во македонскиот устав и дава на Бугарија можност понатаму да блокира кога и да посака, за што и да посака.

Во исто време Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, како и граѓаните беа против тоа и бараа гаранции, заштита за македонските интереси, идентитет, јазик, историја, но за СДСМ тоа беше неконструктивност.

Како што СДСМ продолжуваше своеглаво да ја турка идејата за уставни измени, така и ВМРО-ДПМНЕ не отстапуваше од своето. Така, СДСМ не можејќи да обезбеди мнозинство за уставните измени почна секојдневно да пласира лажни вести како тоа Мицкоски се борел само за власт, а не за подобра иднина за државата.

Но, дојде лидерската средба распрснаа како меур од сапуница ваквите тези на СДСМ.

Мицкоски на лидерската средба покажа дека пред се Македонија и македонските национални и државни интереси се на прво место. Понуди широка коалиција без ДУИ, со СДСМ и со останатите политички партии, додека уставните измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот Протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки.

Предлогот на Мицкоски за влада на широко национално единство како и предлогот за разговори со земји членки да се изгласа гаранција македонскиот идентитет, историја, култура и јазик, ги демаскира оние лаги на СДСМ кои досега секојдневно беа пласирани во јавноста.

За крај, одбивањето на тој предлог од страна на Ковачевски покажа, друга работа, дека токму Ковачевски е тој кој се бори за власт и побрзо се откажува од државата, отколку што би се откажал од ДУИ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата