„Се крие таен договор кој има корупција, ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ДЕЛАТ КОВАЧЕВСКИ И ГРУБИ СО ДРУГИ“

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Се крие таен договор кој има корупција, ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ДЕЛАТ КОВАЧЕВСКИ И ГРУБИ СО ДРУГИ“

Она што го разговараме со граѓаните е општата загриженост дека владата за жал е актерот кој ги загрозува европските перспективи на Македонија, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски од општина Василево во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“

Се злоупотребува европското знаменце за да се сокрие таен договор во кој има висока корупција, многу издатоци од државниот буџет кои што власта ќе ги дели со некого, посочи Милошооки.

Милошоски истакна дека парите Ковачевски и Груби ќе ги делат со други, а државниот буџет не се употребува за реалните проблеми на пензионерите, на студентите, на граѓаните, на помалите општини да им се помогне каде има реални потреби.

– Затоа сметаме дека е време не само за лидерска средба, туку и за лидерски став на сите политички актери, да одиме на избори, граѓаните да одберат луѓе кои ќе можат Македонија да ја однесат во подобра насока, да ги решаваат проблемите  кои што ги создаваат Артан Груби и Димитар Ковачевски, изјави Милошоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата