Пронајдено оружје кај две лица во кичевското село Црвинци

18.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пронајдено оружје кај две лица во кичевското село Црвинци

Пронајдено оружје кај жители на кичевското село Црвинци.

„Со судска наредба, вчера, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј извршиле претрес во домовите на И.Џ.(30) и Р.Ч.(22), двајцата од кичевското село Црвинци.

При претресот, во куќата на И.Џ. биле пронајдени и одземени пиштол „Екол Фират Компакт“ и рамка за пиштолот.

Додека, при претрес во домот на Р.Ч. бил пронајден и одземен ловечки карабин“, информираат од МВР.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата