Мобилна единица при преглед на возило „фолксваген голф“ пронашла пиштол „зораки 917-Т“, при што А.Б. од Скопје е лишен од слобода.
„На 05.02.2025 околу 20.00 часот на бензинска пумпа на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје.
При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „зораки 917-Т““, ин формира МВР.
Лицето било предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.