Пратеничка од СДСМ НЕ ЗНАЕ СО КОГО СЕ СРЕТНАЛА, ГО УТНА украинскиот претседател на Парламент, РЕАГИРАШЕ САМИОТ (ФОТО)

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пратеничка од СДСМ НЕ ЗНАЕ СО КОГО СЕ СРЕТНАЛА, ГО УТНА украинскиот претседател на Парламент, РЕАГИРАШЕ САМИОТ (ФОТО)

Од дипломатските активности на пратениците на СДСМ издвојуваме уште еден „бисер” кој докажува дека нивното про-форма фотографирање за време на патувањата во странство нема политичка содржина, ниту реална корист за Македонија, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Тој вели да не му го знаеш ниту името, ниту функцијата на оној со кого се фалиш дека ти е пријател и со кого имаш блиц фотографија не е само лично бламирање, туку и девалвирање на македонското Собрание во целина.

– Во случајов ваквата површност е и понижувачка за Претседателот на парламентот на Украина.  (Фото: пратеничката Колешката Ванчева и еден од најбитните политичари во Украина на кого таа не му го знае ни името, ни функцијата), пишува Милошоски.

Имено, Калеска Ванчева напиша дека се сретнала со Олександар Турчинов, спикер на Врховната рада, кој воедно привремено ја извршува и функцијата претседател на Украина, а средбата била во рамки на студиска посета за демократски развој на шведскиот Ригсдаг.

Но, таа не се фотографирала со Олександар Турчинов, кој таа функција ја извршуваше одамна, односно до 2014 година, туку со Руслан Стфанчук, кој самиот реагираше на Фејсбук.

– Почитувана Снежана. Мило ми беше што те запознав. Но, јас се викам Руслан Стефанчук. Јас сум претседател на украинскиот парламент. Претседател на Украина е Володимир Зеленски, напиша тој во коментар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата