Попов: Крушевски места со години молат за проширување на основно училиште и изградба на спортска сала

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Попов: Крушевски места со години молат за проширување на основно училиште и изградба на спортска сала

Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ за посета на населени места и средби со граѓани, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов заедно со неговиот тим денеска беше во Крушево, каде што ги посетија населените места Алданци, Борино, Норово, Саздево и Јакреново.

Попов посочи дека жителите се пожалија дека овие населени места се заборавени од државата, при што и локаланат власт е од СДСМ, од која како од централната така и од локалната власт немаат никаква поддршка на кои деновите ги поминуваат во неизвесност за тоа дали ќе успеат да си го продадат тутунот

„А, пак младите луѓе велат дека живеат во заборавени места од државата, бидејќи со месеци и години се молат да се прошири едно основно училиште во овие населени места, да се изгради некаква спортска сала или било каков објект кој што ќе им биде од корист на младите луѓе. Младите луѓе од овие населени места мораат да патуваат и за да одат во школо, и за да се рекреираат, и за да имаат било каква спортска активност“, рече Попов.

Попов додаде, на ова мораме да ставиме крај и за тоа се договоривме со овие граѓани овде, се обврзавме дека заедно ќе ги донесеме промените во државата, а по промените ветуваме инвестиции во овие краеви, заживување на овие краеви и подобри услови за младите и за сите граѓани кои што живеат во овие населени места.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата