Полицијата најде ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА ДРОГА на приватна забава во Скопје (ФОТО)

25.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицијата најде ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА ДРОГА на приватна забава во Скопје (ФОТО)

Големо количество на наркотични средства, пронајде полицијата откако растури приватна забава во центарот на Скопје синоќа околу 21:30 часот.

Според МВР затекнати се 13 лица, на возраст од 20 до 31 година, а истите биле затекнати како консумираат наркотични средства.

Како што соопштија од МВР синоќа  полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршиле претрес на дом, по претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице.

-При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога. Приведени се М.К. (22), В.А. (28), М.И. (28), С.Г. (23), Р.Ј. (22), Р.В. (31), Г.А. (23), Н.К. (22), П.Г. (27), М.И. (21), Н.Ш. (23), Т.П. (22) и В.М. (23), информира МВР.

Дел од лицата биле и затекнати додека консумирале наркотични средства. Против лицата ќе биде поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата