Починат маж пронајден во двор од семејна куќа

19.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Починат маж пронајден во двор од семејна куќа

На 18 декември 2025 година околу 11:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево е пронајден починат А.Б. (64) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лекар од Итната медицинска помош излегол на местото на настанот и ја констатирал смртта.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел утврдување на точните причини за смртта.

Од МВР наведуваат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот.

The post Починат маж пронајден во двор од семејна куќа appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата