На регионалниот пат Тетово-с. Волковија, кај с. Радиовце, полицајци од Полициското одделение Жеровјане ги уапсиле Р.А.(41) и Џ.А.(66), двајцата од селото Жеровјане, товарејќи ги за „незаконит лов“.
Притоа, кај Р.А. е пронајдена и одземена ловечка пушка „Бајкал“ со калибар 12 милиметри со два патрони во цевка и колан со 15 патрони, додека од Џ.А. се одземени дозвола за оружјето, легитимација од ловечко друштво и други предмети.
Мажите се се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава по член 396 и член 288 од Кривичниот законик.
The post Со легално оружје и дозвола тргнале во криволов appeared first on NetPress.

