Добиена тужбата за клевета против лагите дека се „профитирало“ од темата Прочистителната станица град Скопје. И сега квалифилациите „медари“, „криминалци“ и „профитери“ се пехарот на срамот кој останува за Арсовска, СДСМ и тие кои направија тема и ширеа лаги. Плукаа силно, сега паѓа на нивното лице, рече Златко Перински, поранешен директор на ЈП Водовод и канализација, кој беше разрешен откако ѝ се спротистави на градоначалничката Арсовска во нејзиниот обид во влијание на постапката за избор на изведувач на Прочистителната станица, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес објави за добиена тужба против СДСМ дека тој, а не Арсовска влијаеле врз постапката.
Овој пат, додава, за тендерската постапка за Пречистителната станица на Град Скопје, истиот тендер кој подоцна го потпиша градот, со грант обезбеден од оваа влада.
– Лагите и медот останаа кај СДСМ и нивните апологети. Но и тоа нема да биде долго, зошто остана уште малку до смена на власта, кога ќе го почувствуваат вистинското владеење на правото и правдата, посочи Мицкоски.