По пресудата од две години и три месеци за возачот кој усмрти дете на Пластичарска, семејството разочарано од малата казна.
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Таткото на
Мануела Сановски, детето кое беше усмртено во сообраќајката на Пластичарска ќе
има жалба за пресудата со која Шукри Зеќири, лицето кое ја прегази и избега од
местото доби две години и три месеци затвор.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„Очекував пресуда
на 10 години. Кога ќе изгубиш дете, се знае како се чувствуваш. Не посакувам на
никого ова да му се случува. Ако имаме држава, треба да се суди правилно“, кажа
Себастијан Сановски, татко на детето.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Во пресудата,
судијката Марија Клетничка наведе дека 21. годишниот Зеќири претходно не бил
осудуван за кривично дело, а по двете кривични дела кои му се ставаа на товар,
доби единствена затворска казна во која ќе му се пресмета и времето поминато во
притвор.</span>