„На лидерска да се види ШТО ПОСЛЕ НЕУСПЕШНИТЕ УСТАВНИ ИЗМЕНИ“

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„На лидерска да се види ШТО ПОСЛЕ НЕУСПЕШНИТЕ УСТАВНИ ИЗМЕНИ“

Откако премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе го повика на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од опозицикста партија порачаа дека лидерска за национални и државни интереси може, но треба да се види на неа и што по неуспешните уставни измени.

Тие порачаа дека кога станува збор за националните и државни интереси на Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е подготвен да разговара во било кое време.

– Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди, велат тие.

Ковачевски денеска изјави дека следни 10 дена ќе го повика Мицкоски на средба на две теми, одлуки за интеграција во ЕУ и усогласување на ставови за односи со сите соседни држави.

Ковачевски потенцираше дека Мицкоски нема конзистентен став, дека често измислува фикции и наброја примери од изминатиот период каде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изнесува невистини.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата