Социјалистичката партија на Македонија оценува дека нелегитимниот премиер Ковачевски и неговата ткн. Влада водат тотално погрешни политики во сите области во Македонија.
Во правниот систем и со уставните измени власта сака да наметне решенија кои се по барање на бугарската империјална политика за анексирање на Македонија. Иако огромното мнозинство од народот е против тоа, оваа аутистична власт не отстапува од измеќарската улога и од предавството на сопствената држава, потенцираат тие.
Според нив правниот и судскиот систем власта свесно и насилно ги нарушува со носење закони по своја мерка, иако се работи за системски прописи и за решенија кои се од интерес на сите граѓани во државата.
Во делот на економијата видлив е колапсот со смалениот раст на БДП и силувањето на државата со непазарни мерки. Власта ја презадолжи државата и нема простор за натамошно задолжување со кредити и пари за неразумно трошење, за крадење и за наместени тендери на владеачката гарнитура.
Замрзнувањето на цените е смешен модел на социјала кон населението со оглед дека после само еден месец цените ќе се формираат слободно што е потврда дека овие трикови се предизборни лаги во кои и самата власт не верува. Со висока инфлација, ниски плати и пензии власта свесно ги осиромашува сите во државата.
Протестите се народен бунт против власта.
Образованието е срозено од власта во сите нивоа, од основно, средно и високо, а образовниот систем е спротивен на современите терендови во областа.
Во здравството нема задоволни пациенти, ниту граѓани и здравствени работници со оглед дека промашените мерки и политики се спротивни на барањата кои секојдневно се изразуваат за медицински услуги и лекарства.
И во оваа прилика и предочуваме на власта за исклучително високиот ковид ризик доколку не превземе соодветни мерки како што и навистина нема да ги превземе доведувајќи ги граѓаните повторно во состојба на пандемијска агонија.
Власта се фали единствено со силни прогандни настапи, медиумски лаги и замајување на граѓаните дека само да се влезе во ЕУ и сите проблеми ќе бидат решени. Нема крај на лагите на власта но народот ги прочита и сака да си одат.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека е доста со тонењето на државата во сите области и затоа најнеспособната власт на чело со Ахмети, Ковачевски и Пендаровски мора да си одат за спас на државата Македонија, стои во соопштението.