Маж со закани со нож силувал дете во напуштен дуќан во Тетово

7.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маж со закани со нож силувал дете во напуштен дуќан во Тетово

Вчера во 11.10 часот во Клиничка болница Тетово, полицијта го уапси Р.Х.(34) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во ноември 2024 година извршил обљуба врз малолетник од Тетово.

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот на 28.11.2024 година, во напуштен локал од градскиот трговски центар во Тетово, со употреба на сериозна закана со нож, насилно извршил полов однос со дете родено 2010 година, по што избегал. Детето исплашено од заканите на осомничениот кажало за настанот само на еден другар, се до 04.02.2025 година кога дознал братот на жртвата и веднаш пријавил во полиција. По предлог на јавниот обвинител, на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од ОЈО.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата