Лажел дека е киднапиран и направил цел филм во полиција, но доби кривична пријава

23.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лажел дека е киднапиран и направил цел филм во полиција, но доби кривична пријава

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(47) од с.Шемшово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување’’ во врска со кривично дело „грабнување“.

На 09.04.2024, пријавениот лажно пријавил дека во село Шемшово четири лица насилно го внеле во патничко возило, го однеле во с.Грчец, физички го нападнале, му барале пари, а потоа го оставиле во с.Добарец.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата