Според пописот, кој е веќе предмет на оспорување и од парламентарни политички партии, а и од некои етнички заедници, попишани се вкупно околу 1,22 милиони Македонци, околу 40.000 Срби и Власи… што е доминантно православно христијанско население, во графата на етничка припадност запишани се само 847.000 православни.
Би можело да се каже дека другите, околу 400.000 Македонци, Срби или Власи се изјасниле дека не се верници, или дека се атеисти. Но, бројките зборуваат поинаку. За атетисти, според пописот, се изјасниле само 355 лица, а како припадници на сите други немуслимански религии, од католици, преку протестанти до будисти се изјасниле 23.000 лица. Се поставува прашањето каде се 377.000 Македонци, Срби и Власи кои ги нема во верската припадност, а не се во оние кои се изјасниле како (неверници) атести или агностици (скептици) во однос на религиозната определба.
Со вкрстување на подотоците од пописот излегуваат на површина повеќе нелогичности, или недоследности. Со прост увид во верската припаднсот на македонското општество, според пописот, ние имаме 847.000 Православни (46%) 590.000 Муслимани (32%) што е во голема диспропорција со етничкото изјаснување на населението на овој попис каде 58,44% се Македонци кои се доминантен носител на православната вера во рамките на општеството и 24,3% Албанци кои имаат апсолутна доминација меѓу муслиманите.
Ако некој рече дека Македонците се во помала мерка верници, ќе биде демантиран од самиот попис бидејќи со опција дека не се верници на ниту една религија има незначителен број атесити или агностици. Според бројките во пописот, и според прирастот на населението меѓу етничките заедници каде се изјаснуваат за муслимани за релативно среден временски период од дваесетина години Македонија ќе биде земја во која доминираат муслимани, како што е ситуацијата во Босна, Косово или Албанија. Или, ќе биде трета муслиманска држава во Европа признаена од ООН, бидејќи Косово се уште не е членка на ООН.
Освен ова, дека со бројките нешто не е во ред, симптоматично е радикалното опаѓање на бројот на Срби, Турци и Власи во пописот во однос на претходниот. Нема видно иселување на овие етнички заедници од Македонија, а нема ни претопување, асимилација на Србите и Власите кон Македонците чиј број, исто така, опаѓа. Се поставува прашањето, каде тогаш исчезнаа Србите, Власите и Турците?
Во објавените резултати од пописот стои дека 242.579 граѓани или 13,21% процент од попишаното резидентно население се изјасниле само како христијани, без притоа да ја изјаснат својата религиска група (православни, католици, протестанти…). Ова е веќе сериозн гаф, пропуст на самиот попис кој на една страна има опција за изјаснување на општа припадност – христијани, а на друга расцепкана, сегментирана опција за делови од христијани како православни, католици, протестанти… што вештачки, и свесно, плански ја намалува бројката на православните од причини кои им се познати само на креторите на пописот.
Ако се применувал тој модел, кај изјаснувањето нa муслиманското население морало да има сегментирана опција како кај христијаните, дали се муслимани – сунити, муслимани – шиити…
Вака спроведениот попис, во однос на религиската припадност, остава широки можности за манипулација: овие 242.579 “Христијани“ секој може да си ги употребува како сака, дали се Православни, Католици, Протестатти… и вештачки радиклано го намалува бројот на правсолавни во однос на муслиманите во Македонија што остава сериозни политички, верски и етнички последици за во иднина, а иднината вели дека без конкртениот упис на православни од 242.579 “Христијани“ останува дека Православните во блсика иднина ќе бидат малцинство во однос на муслиманите во Македонија.
Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски смета дека причината за ова е што пописот не бил добро подготвен. Во изјава за „Сител“ тој потсетува дека попишувачи се бараа во последнот рок, и немаше време вистински да се подготват.
Ние имаме во иста категорија, тоа е религиска припадност вметнато повеќе методолошки неконзистентни податоци. Значи, вие или прашувате религија, а тоа е Христијанство, Ислам, Будизам… Или прашувате поконкретно, кадешто прашаувате освен за религија, всушност религиската деноминација. Бидејќи во секоја религија, особено во поголемите религии имате деноминации. Тоа е подгрупа во саматарелигиозна група, објаснува Божиновски.
(Извор: Државен завод за статистика, попис 2021)
Александар Кржаловски, пак, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на „Сител“ рече дека ќе треба да се провери самиот анкетен лист за да се види каде всушност е направена грешка.
Не ми е јасно ова со „Христијани“. Не ми се верува дека таква грешка се провлекла во самиот формулар. Можно е да самите граѓани рекле дека се Христијани без да кажат дали се Православни, Протестанти или нешто трето, туку само рекле дека се Христијани. Малку е чудно и голема е бројката за таков пропуст да се направи. Може требало да се напише кај сите Православни Христијани, Христијани Протестанти и слично, па на граѓаните да им е јасно што се прашува, вели Кржаловски.