КЛУЧ НА ВРАТА за повеќе ланци маркети низ Скопје и Струга: Нема намалени цени, НЕМА РАБОТА!

24.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КЛУЧ НА ВРАТА за повеќе ланци маркети низ Скопје и Струга: Нема намалени цени, НЕМА РАБОТА!

Инспекторите од ДПИ ставија клуч на врата и блокада за „затворено“ на продавниците на повеќе ланци големи маркети во Скопје и Струга. Информацијата ја потврди првиот човек на ДПИ Горан Трајковски, кој објасни дека блокатори се ставени на поголеми маркети во Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел, а исто така надлежните наишле на неправилности и во Струга.

„Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните! Денес казнети се и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел) и Струга“; напиша Трајковски доцна синоќа на Фејсбук.

Тој во објавата посочува дека повеќепати повторил дека секој мора да ги почитува законите и одлуките на Владата.

„Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите“; порача Трајковски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата