Димитриев: На земјата и партијата и е потребен квалитетен човек кој ќе помогне во нејзина обнова, мојата поддршка за Христијан Мицкоски

21.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитриев: На земјата и партијата и е потребен квалитетен човек кој ќе помогне во нејзина обнова, мојата поддршка за Христијан Мицкоски

Нема да кажам нешто ново дека на Македонија и на ВМРО ДПМНЕ силата е во единството. Но во овие моменти чувствувам обврска уште еднаш да го апострофирам зборот единство, кој доминирал во моите многубројни средби и контакти со членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ насекаде низ татковината. На земјата и партијата им е потребен секој квалитетен и чесен човек кој сака да помогне во нејзината обнова. Во насока на јакнење на капацитетот на партијата да се справува со идните предизвици, ВМРО ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицковски ја имаат мојата лична подршка, напиша на Фејсбук поранешниот технички премиер Емил Димитриев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата