Делчевец излетал со мопед од патот, починал додека бил транспортиран до болница

10.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Делчевец излетал со мопед од патот, починал додека бил транспортиран до болница

Делчевец вчера со мопед изгубил контрола на булеварот „Македонија“ во Делчево по што излетал од патот и тешко се повредил, а додека бил пренесуван во болница починал.

-На булеварот „Македонија“ во Делчево, на излезот кон село Ѕвегор, делчевско, Љ.И.(54) од Ѕвегор, управувајќи мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал надвор од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и додека бил пренесуван кон болница починал, соопшти МВР.

Настанот бил пријавен во Полициската станица Делчево вчера околу 14:15 часот, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Делчево.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата