Арачиновецот што му се закануваше на градоначалникот ДОБИ ЗАБРАНА ДА МУ СЕ ПРИБЛИЖУВА

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арачиновецот што му се закануваше на градоначалникот ДОБИ ЗАБРАНА ДА МУ СЕ ПРИБЛИЖУВА

Мерки за претпазливост претпазливост – обврска да се јавува во полиција, забрана за посетување на просториите на Општина Арачиново, како и забрана за приближување и контактирање со градоначалникот на Арачиново, Ибраими.

Ова е предлогот кој го поднесе Основното јавно обвинителство до Кривичниот суд за 69-годишниот арачиновец, кој на 23 мај без дозвола влегол во канцеларијата на градоначалникот, насилно барајќи да му се додели земјиште во надлежност на Општина Арачиново.

Откако не го нашол во канцеларијата, го пресретнал градоначалникот во дворот, започнал грубо да го навредува, да му се заканува и насилнички да се однесува.

Според обвинителството тој сторил кривично дело – Насилство, согласно член 386 став 1 од Кривичниот законик.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата