Жена трча гола низ авион цели 25 минути, летот е одложен: Ова никогаш не се случило (ВИДЕО)

6.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жена трча гола низ авион цели 25 минути, летот е одложен: Ова никогаш не се случило (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави снимка од неименувана жена која „парадира“ во авион со голи гради, на запрепастување на другите патници.

Кога кабинскиот екипаж сфатил што се случува, авионот бил пренасочен и вратен на капијата, по што обезбедувањето влегло внатре и ја привело голата жена.

Таа е пренесена во болница, а по психијатриска евалуација ќе се одлучи дали ќе биде поднесена пријава, пишува Дејли мејл.

„Локалната полиција го пречека авионот на летот 733. Им се извинивме на другите патници за доцнењето, а нашите службеници работеа да ги пренесат до нивната дестинација што е можно побрзо“, соопшти авиокомпанијата.

Останува нејасно што ја поттикнало неименуваната жена да се однесува на овој начин, иако има информации дека таа наводно побарала да излезе од авионот и викала дека е биполарна.

Некои патници тврделе дека таа се обидела да влезе во пилотската кабина пред да дојде обезбедувањето.

„Таа се сврте кон нас и се соблече. Потоа удрила по вратата на пилотската кабина. Беше застрашувачко“, рекол еден од патниците.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата