Жена од Данска не купува- храната ја наоѓа во контејнери: Лани потрошив 100 евра во продавници

28.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жена од Данска не купува- храната ја наоѓа во контејнери: Лани потрошив 100 евра во продавници

Имено, таа не ја купува својата храна во продавници, туку во контејнери за ѓубре.

Тоа е тренд наречен „нуркање во контејнер“, во кој луѓето пребаруваат низ контејнерите за работи што вредат нешто или што сè уште можат да се искористат. Во случајот на Софи, таа заработува со пребарување низ контејнерите и ги објавува своите наоди на Инстаграм и ТикТок.

„Не сум купила храна четири години. Немам потреба кога наоѓам сè во контејнер. Во 2024 година потрошив само 100 евра во супермаркет, главно на работи како тоалетна хартија и сапун за садови. Парите што ги заштедував ги користам на патување и посета на пријатели ширум светот“, изјави Софи за New York Post.

Софи, која работи како менаџер во ресторан, првпат се обидела да нурка во контејнер во 2020 година додека живеела во Австралија. Таму, таа и еден пријател истражиле некои контејнери до супермаркетот и биле воодушевени кога откриле дека може да набави доволно намирници за цела недела.

@dumpsterdivingwsoff So much UNPACKED food, I can't actually believe I found all this in the dumpster... I will be sharing more videos of this insane dive. This is just a tiny bit of what I found.. #dumpsterfinds #dumpsterdivingwsoff #insane #foodwastetip #dumpsterdiving #unpackedfood #fightfoodwaste #bekæmpmadspild #savingfood #denmark #nighttimeadventures #donatedontdump ♬ SNAP - High and Fast - Rosa Linn

„За мене тоа беше како лов на богатство. Брзо сфатив дека има толку многу добра храна во контејнерите што не морав ни да одам до продавница. Немам распоред за тоа - одам неколку пати неделно или на секои две недели секогаш наоѓам толку многу. Мојот фрижидер е секогаш полн“, опишала таа.

@dumpsterdivingwsoff Throwback to this find.. I'm still speechless to this day. I was literally lost for words and didn't know what to do when I saw this 😳 #dumpsterdivingwsoff #mountainoffood #savethefood #dumpstershopping #whatthefuck #wtf #speechless ♬ original sound - Dumpster diving with Sofie

Својата наклонетост кон овој необичен начин на живот ја пренела и на своето семејство. Не само што често им подготвува оброци користејќи состојки кои ги нашла во контејнери, туку за време на празниците сите заедно одат на „лов“. „Знаат дека храната е вкусна и дека на гостите никогаш не би им приготвила нешто што не би го јадела самата“, заклучила 30-годишната Софи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата