Жена краде бебе на пазар- количката е покрај тезга, таа се прикраде (ВИДЕО)

12.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жена краде бебе на пазар- количката е покрај тезга, таа се прикраде (ВИДЕО)

Граѓаните, како и родителот на бебето, забележале што се случува и успеале да интервенираат и да го вратат бебето, пренесува „Метро“.

Снимката од инцидентот веднаш беше споделена на интернет и на неа се гледа бебе во количка со чадор за сонце покрај тезга на улица во Блекпул.

По некое време, се приближува еден минувач и почнува да се оддалечува, туркајќи количка.

„Денес во 11:55 часот наутро, беше пријавено дека жена се приближила до бебе во количка на Централ Драјв, во близина на Корал Ајленд, пред да се обиде да избега со количката. Минувачи и родителот на бебето интервенирале и за среќа, бебето не било повредено. По истрагата, 51-годишна жена е уапсена под сомнение за киднапирање на дете и напад врз полицајци“, соопшти полицијата.

„Знаеме дека ваквите инциденти можат да предизвикаат голема загриженост во заедницата. Сè уште сме во раните фази од истрагата и работиме на утврдување на сите околности. Свесни сме за сè што е споделено на социјалните медиуми. Ве охрабруваме да не шпекулирате и да разберете дека нашата истрага е сè уште во тек“, рече началникот Џон Џенингс-Вартон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата