Вообичаено најмногу се пазарува зеленчук и овошје, чија цена за нијанса како што велат посетителите е пониска од онаа во Бугарија, исто како и цената на оризот, сирењето и други сезонски производи.
Меѓу оние кои често го посетуваат Делчево е и Јанко Геогиев од Перник. Тој овде покрај за да купи нешто од пазарот, доаѓа и за да се види и со својот пријател Илко Тодоровски чии куќи во село Ветрен се наоѓаат на само неколку метри од двете страни на границата.
-Неговата и мојата куќа се веднаш до границата. Неговата куќа е свртена кон Македонија. Многу ја сака македонската музика и е пријател со нашата пејачка Стојне Николова, вели Тодоровски.
Георгиев кој живее во Перник вели дека во Делчево досега има доаѓано околу 80 пати.
-Често доаѓам сигурно досега околу 80 пати. Делчево е еден преубав сончев град. Тука сме да си купиме нешто со сопругата, зеленчукот ви е поевтин особено пиперките и доматите, вели Георгиев.
Во селото Ветрен вели дека оди поретко односно само во летниот период бидејки во зиме патот е оштетен.
-Таму одам околу четири пати годишно, летно време.Додека престојувам таму слушам македонска музика на Радио Делчево, кое сега ми се чини дека не постои повеќе. Зимно време патот е полош и не одам таму поради тоа што не може да се пристигне безбедно, додава Георгиев.
Неговите корени како што раскажува тој се од с. Саса, од каде потекнува неговата баба Јордана која во времето кога немало граници заминува за Ветрен, а неговиот дедо Георги учествувал во битката кај Калиманско поле каде загинал. За неговиот пријател Илко вели дека кога е овде често разговараат за некогашното време и животот во село Ветрен.