Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО

23.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО

Квалитетот на воздухот во многу региони на Холандија е многу лош, а најзагадени се областите западно од градот Ротердам, каде нивото на загадување ја надминува дозволената граница на Светската здравствена организација, јавија денеска холандските медиуми.

На неколку локации, концентрацијата на азотни оксиди и честички во воздухот е повеќе од двапати од дозволената граница на СЗО, пренесува Nltimes.

Наведените загадувачи се меѓу најчестите и можат да предизвикаат значителни здравствени проблеми.

Според локалните медиуми, Шидам има најлош квалитет на воздухот, со нивоа на загаденост 2,15 пати повисоки од границите препорачани од СЗО. Жителите се соочуваат со загадување од густиот поморски сообраќај, емисиите на хемиската индустрија, блискиот аеродром, повеќе автопати и печки на дрва во густо населените области./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата