За Марија се мислеше дека шеиците ѝ го скршиле рбетот во Дубаи: Еве што се случило – се разбудила од кома и проговорила

21.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За Марија се мислеше дека шеиците ѝ го скршиле рбетот во Дубаи: Еве што се случило – се разбудила од кома и проговорила

По неколкунеделна кома, бројни операции и борба за живот, Марија Ковальчук конечно се освести и почна да се присетува на кобната ноќ. Она што го раскажа дополнително ги вознемири нејзините најблиски и ги потврди нивните сомнежи дека не станува збор за несреќа, туку за брутално насилство.

Во ноќта на нејзиното исчезнување, Марија била во друштво на тројца луѓе: Милена Долганова, Артем и Александар. Според нејзините зборови, атмосферата брзо станала вознемирувачка.

– Разбиваа шишиња, подот беше покриен со стакло. Почнав да чувствувам сериозен страв. Се обидов да побегнам на балконот и да побарам помош, но Артем и Александар ме вратија назад. Во еден момент успеав да излезам од собата и да избегам од хотелот, но тргнаа по мене – раскажа Марија во првото интервју по несреќата.

Марија тврди дека веќе била во паника, а настаните што следеле ѝ се нејасни. Нејзиното семејство верува дека токму тогаш ѝ се нанесени најтешките повреди, кои вклучуваат повеќекратни скршеници и оштетување на рбетниот столб.

Пет операции за четири месеци

Од моментот кога беше пронајдена, Марија помина низ пекол. Во болница лежеше без свест со недели. Досега има извршено пет тешки операции, а лекарите предупредуваат дека најтешкиот дел дури допрва следи – долг и неизвесен опоравок.

Иако сега може да зборува, нејзиното тело сè уште е исклучително слабо, а движењата ѝ се ограничени. Планирани се најмалку уште две хируршки интервенции, по што следи интензивна рехабилитација.

Сомнежи на семејството

И покрај сè што кажа, официјалните институции во Дубаи сè уште не ја исклучуваат можноста дека се работи за обид за самоубиство. Според нивните наводи, сведоци ја виделе како во состојба на хистерија шета околу градилиште и се искачува на недовршена зграда, од каде наводно паднала.

Сепак, нејзините најблиски остро ја отфрлаат оваа верзија и тврдат дека некој се обидува да го заташка случајот.

– Нашето дете не се обидело да се самоубие. Нема ниту еден доказ дека самата скокнала. Напротив, веруваме дека била фрлена, а потоа оставена да умре. Марија сега сведочи и точно знае од кого треба да се плаши – велат членовите на семејството.

Траги од насилство, празнини во истрагата и бројни прашања без одговор

Додека Марија се бори за секој чекор, семејството ја бара вистината. Телото ѝ било покриено со модринки, скршеници и рани. Исчезнала ноќта кога требало да патува за Тајланд. Не се јавила никому, не се качила во авион, а пронајдена е дури подоцна – неподвижна и во тешка состојба, пишува Блиц Жена.

Прашањата се натрупуваат: кои се луѓето со кои била? Зошто ѝ ги зеле личните работи? Зошто официјално се форсира верзијата за самоубиство кога постојат директни тврдења за насилство?

Едно е јасно – Марија веќе не молчи. Прозборе. И сега нема враќање назад.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата