Научници врбизгуваат радиоактивен изотоп во роговите на носорози (ВИДЕО)

1.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Научници врбизгуваат радиоактивен изотоп во роговите на носорози (ВИДЕО)

Научниците велат дека тие се безопасни за животните, но можат да бидат откриени од царинските скенери на граничните премини и аеродромите.

Проектот, наречен Ризотоп, се спроведува во соработка со службеници за нуклеарна енергија и организации за заштита на природата. Во првата фаза, изотопите се инјектирани во пет носорози, а научниците се надеваат дека наскоро ќе вклучат поголема популација од загрозениот вид.

Минатата година, како дел од пилот-фазата, околу 20 носорози во резерват биле вклучени во пробни активности, што ја потврди безбедноста и ефикасноста на методот, соопшти универзитетот.

„Постапката е научно потврдена како целосно безбедна за животното и ефикасна во смисла дека роговите стануваат откриени преку меѓународните системи за нуклеарна безбедност“, рече Џејмс Ларкин, главен научен советник на проектот Ризотоп.

Според него, дури и рог со значително пониско ниво на радиоактивност од оној што би се користел во редовната пракса успешно активирал детектори за зрачење, објавува денеска АП. Според проценките на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), глобалната популација на носорози е намалена од околу 500.000 на почетокот на 20 век на само 27.000 денес, поради континуираната побарувачка за рогови на црниот пазар.

Јужна Африка, која има најголема популација на носорози, околу 16.000 единки, се соочува со голем проблем со ловокрадството, при што годишно се убиваат околу 500 носорози, објаснува АП.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата