Октопод зграпчи дете за рака и не го пушта- мајката попусто се обидува да му помогне (ВИДЕО)

1.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Октопод зграпчи дете за рака и не го пушта- мајката попусто се обидува да му помогне (ВИДЕО)

Шестгодишниот Лео имал застрашувачко искуство за време на посетата на аквариумот во Сан Антонио, кога бил нападнат од октопод во просторијата за „галење“ (каде што посетителите можат да ги допираат животните под надзор на вработените) и останал со модринки.

Ова е според неговата мајка, Бритни Тарин, која објавила серија видеа на TikTok по инцидентот, тврдејќи дека октоподот одеднаш „ја зграпчил“ раката на момчето.

Драмата траела пет минути

„Таа почна да се качува по стаклото, излегувајќи. Мојата пријателка и јас не знаевме што да правиме. Немаше вработени никаде, па почнавме да врескаме“, рекла Бритни.

Мајката тврди дека потоа се појавил вработен во аквариумот, кој наводно рекол со насмевка: „Тој е навистина разигран. “.

Сепак, тој не можел сам да го одвои октоподот од момчето, па двајца колеги му притрчале на помош. Драмата траела околу пет минути, објавува New York Post.

@britneytaryn The comments go so far as saying that Leo needs to be taken away from me because of child endangerment. It’s been a rough day but I’m thankful for Tik Tok and I’m not giving up on Leo’s goal of getting this octopus somewhere safe! #savetheoctopus #sanantonioaquarium #octopus #aquariumstory #parentsoftiktok ♬ original sound - Britney Taryn

Мајката поднесува жалба

Фотографиите што ги објавила ја покажуваат десната рака на момчето покриена со темно виолетови модринки од пипалата, од зглобот до пазувите.

Мајката вели дека за време на претходните посети на аквариумот, член на персоналот секогаш стоел покрај просторот за октоподите за да го следи контактот со посетителите. Овој пат, тврди таа, немало никого во близина.

Бритни подоцна поднесе жалба до Министерството за земјоделство на САД, велејќи дека нејзиниот син „претрпел бројни модринки“ и дека персоналот на аквариумот „ја потценил сериозноста на инцидентот“.

Аквариумот во Сан Антонио сè уште не дал коментар за инцидентот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата