Во Пинероло во Италија, избија топки од град од тоалетната школја во стан на вториот кат

24.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Пинероло во Италија, избија топки од град од тоалетната школја во стан на вториот кат

Во градот Пинероло, во провинцијата Торино во Италија, во тек на силно невреме на 22 мај изби град од тоалетната шолја во стан кој се наоѓа на вториот кат од зграда во центарот на градот.

Обилните врнежи го блокирале канализациониот систем во градот, поради што големиот притисок од обилните врнежи на град создале огромен проблем за канализациските цефки. Град се појавил од вц шолја во стан на втор кат.

Снимката од необичниот инцидент брзо стана вирална на социјалните мрежи.

Провинцијата Торино ја зафати силно невреме пропратено со град што сериозно ја оптовари урбаната инфраструктура, особено канализациониот систем. Посебно бил погоден градот Пинероло, каде беа забележани бројни проблеми со одвојувањето на атмосферската и фекалната вода.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата