Видео: Реката Крчиќ и нејзините пет водопади - „неоткриен бисер“ за авантуристите

14.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Реката Крчиќ и нејзините пет водопади - „неоткриен бисер“ за авантуристите

- Кружната пешачка патека со водопади низ кањонот на реката Крчиќ близу Книн нуди незаборавно искуство низ недопрената далматинска природа. Приближно 10-километарската рута поврзува пет волшебни водопади, вклучително и прекрасниот Топољски Бук, познат и како Крчиќ, висок 2 метри, вели авантуристот Јурица Галиќ - „Јука“.

Хрватот ја сними својата видеоавантура со помош околниот туристички водич Миховил Буданко, објави „Индекс“.

Според него, водопадите во кањонот се „неоткриениот бисер“ на Хрватска.

- Преку историскиот пејзаж на Наполеоновата стаза, посетителите откриваат скриени природни „скапоцени камења“ - од мирни заливи до моќни водопади коишто се спуштаат по карпите, сè до последната точка каде што реката Крчиќ се влева во Крка. Посебен шарм даваат геолошките појави како што се пештерите, карпата „Лавовска глава“ и сувото речно корито, коешто зиме се претвора во „ледено царство“. Водопадите на Крчиќ се дестинација што мора да ја искусите, советува Јука.

На прошетката низ кањонот, „ќе ве сретнат и многу животни“, се вели. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата