Видео: Неверојатен подвиг- Хрват го задржа здивот неверојатни 29 минути за нов Гинисов рекорд!!

15.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Неверојатен подвиг- Хрват го задржа здивот неверојатни 29 минути за нов Гинисов рекорд!!

Хрватскиот нуркач Витомир Маричиќ постави нов Гинисов рекорд за задржување на здивот. Тој на површината од водата во базенот од три метри во лобито на хотелот „Бристол“ во Опатија се појави по неверојатни и фантастични 29 минути и 3 секунди.

Со овој подвиг феноменалниот нуркач постави еден од најимпресивните рекорди на границата на спортските, медицинските и научните можности.

За да може да го задржи здивот речиси половина час, Маричиќ се подготвувал неколку минути вдишувајќи чист кислород, а самото нуркање било извршено на чист кислород.

Целата програма ја следел тим од пет судии и официјални мерачи на време, за резултатот да биде правилно регистриран според правилата на Агенцијата за светски рекорди на Гинис.

Околу стотина гледачи во лобито на хотелот биле сведоци на овој исклучителен настан.

„Зад секој рекорд или успех како овој, без разлика колку е мал или голем, стои огромна тимска работа и поддршка од семејството и пријателите, без кои сè би било невозможно. Денес ми беше многу тешко да нуркам, вчера на тренинг беше многу полесно, но некако помина добро. Откако поминаа 20 минути, сè стана полесно, барем ментално“, истакнал неверојатниот Маричиќ веднаш по излегувањето на површина.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата