Влекачите како што се игуаните се ектотерми, што значи дека нивната внатрешна телесна температура е под влијание на надворешните услови. Кога времето е премногу ладно - како што температурите во Флорида деновиве паднаа под 10 Целзиусови степени, внатрешните процеси на овие животни забавуваат, а тоа доведува до појавата „зашеметени од ладно“, се наведува.
South Florida company collects over 1,000 frozen iguanas. https://t.co/NGxBiCb6Ns pic.twitter.com/80luA7dIGK
— WPEC CBS12 News (@CBS12) February 2, 2026
Агенцијата за диви животни за тоа подрачје соопшти дека се достапни за фаќање.
Оттаму ја повикаа јавноста да ги ловат игуаните - инвазивен вид којшто изворно не потекнува од оваа земја. Според нивните податоци, повеќе од 2.000 игуани досега се предадени на властите во состојба на зашеметеност.

