По неколку топли денови, во саботата во Франција пристигна „добро заладување“, придружено со силен дожд, силен град и ветер.
Град со големина на орев повеќе од 15 минути ја погоди француската престолнина и предизвика огромна материјална штета, пред се на возила, од кои некои изгледаа како да се зачукувани.
Силниот дожд предизвика и поплави на улиците, што многу го отежна движењето на автомобилите, а имаше и извештаи за навлегување на вода во подрумите.
Како што често се случува при обилни врнежи во француската престолнина, метро станиците беа поплавени, а сообраќајот беше привремено во прекин на неколку линии.
На социјалните мрежи кружат видеа од невидено невреме, на кои изгледа како во мај да паднал снег во Париз.
A sudden hailstorm causes flash flooding and chaos in Paris, leading to metro closures and flight suspensions. ❄️🌧️ pic.twitter.com/YtGBK2Ggyf
— AccuWeather (@accuweather) May 3, 2025