Видео: Ѕирнете во приватната резиденција на Путин во Кремљ

2.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Ѕирнете во приватната резиденција на Путин во Кремљ

Во внимателно изрежираното видео, Путин го поздравува пропагаторот Павел Зарубин пред позлатениот влез на неговиот официјалн стан, кој се наоѓа во непосредна близина на неговата канцеларија во Кремљ.

„Да, ова е стан. Како што можете да видите, не е далеку“, рече Путин пред да го покани Зарубин внатре.

На снимката се гледа луксузна просторија со позлатени ѕидови, огледала со златна рамка, кристални лустери и егзотични растенија.

На масата има портрет на императорот Александар III, а во просторот доминираат светли кадифен софи.

Во видеото исто така може да се видат и бело концертно пијано, на кое Путин рече дека ретко свири.

Во најава за подолго интервју, кое ќе се емитува во Русија на 4 мај, Путин води новинар низ библиотека со темно дрво, две спални соби, па дури и капела во приватен дом.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата