Видео: Драматична средба меѓу сурфер и ајкула од 4 метри: „Не паѓај“

2.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео:  Драматична средба меѓу сурфер и ајкула од 4 метри: „Не паѓај“

Бојс, кој ја снимал авантурата, брзо сфатил дека во прашање е нешто многу по опасно. 

Бидејќи како искусни сурфери, лесно можеле да ги препознаат суштествата во водата.

Двајцата пријатели сфатиле дека ајкула ги следи додека тие „сечеле“ бранови со брзина од 16 км/ч. Бојс ја снимил „блиската средба“, а видеото станало вирално.

„Не паѓај“, му извикал на својот партнер во еден момент, а потоа слушнале „О, Боже, доаѓа кон тебе“.

Денот им започнал ветувачки. Такеда, Бојс и друг сурфер чекале посилни налети на ветер за да ја започнат авантурата од 32 километри.

Додека уживаше во возењето, Такеда забележа нешто зад себе и се сврте. Виде морско чудовиште, долго околу четири метри, кое го следеше секој негов потег.

„О, Боже мој, го следи. Ова не е нормално“, извика Бојс, подоцна признавајќи дека почувствувал паника.

Иако сурферите имале искуство со ајкули, никогаш не доживеале да бидат следени толку далеку од брегот. Игра на мачка и глушец Такеда беше фокусиран на одржување на рамнотежата и држење на даската над површината.

Се обиде да не размислува за ајкулата, која се откажа од „бркањето“ по само пет минути. Снимката им ја покажаа на експертите од NOAA, кои рекоа дека најверојатно станува збор за голема бела ајкула, објавува The Guardian.

Такеда и Бојс веруваат дека долната страна на даската и наликувала на ајкулата на ража, која ја иницирала „играта на мачка и глушец“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата