Видео: „Чудовиштето“ не мирува: Ерупцијата станува сè посилна, а најлошото доаѓа

8.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: „Чудовиштето“ не мирува: Ерупцијата станува сè посилна, а најлошото  доаѓа

„Врвот на вулканот продолжува да еруптира. Според сателитските податоци, емисиите на пепел достигнале висина од 9 до 10 километри надморска височина, а облакот од пепел се протега 515 км југоисточно од вулканот. Лавините и емисиите на пепел продолжуваат да течат од кратерот на врвот на вулканот“, се наведува во извештајот, пренесува Интерфакс.

Надлежните исто така, информираат дека емисиите на пепел од вулканот Кључевска до висина од 15 километри може да се појават во секое време и дека таквата континуирана активност може да влијае на меѓународните и домашните летови, наведува агенцијата.

Претходно, огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките објави дека се очекува ерупцијата на вулканот Кључевска да се интензивира во наредните денови.

Инаку, Кључевској е активен вулкан на истокот од Камчатка, висок 4.850 метри.

Се наоѓа на 360 километри од Петропавловск-Камчатски и е највисокиот активен вулкан во Евроазија, а има правилна конусна форма со кратер на врвот со дијаметар од околу 700 метри.

Во моментов има седум активни вулкани во Камчатка.

Вулканот почна да еруптира ноќта на 31 јули по силен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала, а неговата ерупција станува сè посилна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата