(Видео) Бегај, кит! Норвешките власти ги предупредија граѓаните да се „држат настрана“ од белугата, за која експертите тврдат дека е руски шпион

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Бегај, кит! Норвешките власти ги предупредија граѓаните да се „држат настрана“ од белугата, за која експертите тврдат дека е руски шпион

Белугата по име Хвалдимир, која плива долж брегот, за првпат бил забележан во 2019 година како носи на себеси руски појас со подводни држачи за камери, што ги натерало експертите да веруваат дека е обучен од руската морнарица. Осомничениот „таен агент“ неодамна повторно се појавил во густо населената област во Ослофјорд, каде што се наоѓа и главниот град на Норвешка, и каде следел чамци и ги забавувал луѓето на бродот, предупредила норвешката дирекција за риболов.

Френк Бејк-Јенсен, директорот на агенцијата, апелирал до жителите да „избегнуваат контакт“ со Хвалдимир поради безбедноста на животното, иако тоа е питомо и навикнато да биде покрај луѓе. „Посебно ги предупредуваме луѓето во чамците да држат добра дистанца за да не биде повреден или убиен китот“, изјавил Бејк-Јенсен.


Хвалдимир е име кое е комбинација од норвешкиот збор за кит и името на рускиот претседател, Владимир Путин. Официјалните лица навеле дека китот нема да го фатат и покрај можните „врски“ со Русија. „Отсекогаш велевме дека именуваниот кит е слободно животно и не гледаме причина да го фатиме и да го зарообиме“, кажал Бејк-Јенсен.


Неговото движење, сепак, сè уште го следат поморските служби.

Китот првпат бил откриен од рибарот Џоaр Хестен во 2019 година, откако цицачот почнал да го трие своето тело од чамецот. Морски биолози и други експерти, тогаш за „Си-Ен-Ен“ изјавиле дека белугата очигледно е тренирано животно од Русија, а на еден од неговите појаси пишувало „Опрема од Санкт Петербург“, што ја поткрепувало теоријата дека китот може да биде шпион.


„Познато е дека руската морнарица веќе подолго време тренира белуги за воени операции“, изјавил Јорген Ре Виг, морски биолог во „Норвешката дирекција за риболов“. „Китовите, наводно обучени од руската војска, генерално имаат за задача да ги чуваат поморските бази, односно да им помагаат на нуркачите и да бараат изгубена опрема, но тие можат да се користат и за други цели“, заклучил биологот.



© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата