Наскоро, полицијата, пожарникарите и Комисијата за зачувување на рибите и дивиот свет на Флорида биле на терен.
Имено, голема црна опашка ѕиркала од отвор за канализација во Порт Ричи, Флорида, а истрагата открила дека се работи за ламартин долг околу 2,5 метри.
Познато е дека морските крави(ламартин) остануваат заробени кога големата вода се повлекува, а оваа имала среќа да биде забележана, според Енди Гарет, биолог.
Претходно оваа година, четири морски крави умреле заглавени во канализација на источната страна на државата, рече тој.
„Да беше оваа морска крава докрај влезена во одводот, немаше да биде толку очигледно и можеше да се пропушти“, рече Гарет.
– Истражуваат во висока вода и во овој случај водата се искачила до местото каде што можела да плива, а потоа плимата спаднала и ја оставила заглавена – рече тој.
Морската крава била пронајдена на 243 метри од најблискиот излез до Мексиканскиот залив, рече тој, што значи дека било потребно спасување.
„Имаме хидрауличен лифт на пикап камионите за да ја подигнеме морска крава, и ставивме ремени на неа и ја влечевме за опашката“, рече Гарет.
„Потребни беа само околу 15 минути“, забележува тој.
Како што рече, на главата на морската крава била пронајдена свежа гребнатинка како да удрила во нешто. Како резултат на тоа, била е однесена во зоолошката градина во паркот Ловри за евалуација и можно лекување, јавуваат локалните медиуми.
– Се надеваме дека е добро и дека наскоро ќе биде пуштена назад во дивината – беше речено.