Папата, кој има 88 години, го поминува својот 13-ти ден во болница во Рим, што е најдолг престој во болница за време на неговата 12-годишна служба на чело на Римокатоличката црква.
„Папата имаше мирна ноќ и се одмора“, соопшти Ватикан во една реченица, без да даде дополнителни детали.
Ватикан вчера соопшти дека папата и натаму е во критична состојба четврти ден по ред, но е стабилен и немал нови респираторни проблеми.
Прогнозата, како што беше наведено вчера, останува неизвесна, но „стабилни“ биле и неговите параметри кои ја мерат функцијата на циркулаторниот систем.
Франциск, кој е папа од 2013 година, имаше неколку здравствени проблеми во последните две години.
Тој е склон на белодробни инфекции бидејќи како млад развил плеврит и еден дел од белите дробови му бил хируршки отстранет.