Турист падна од карпа висока 20 метри- неговата жена шокирано посматрала кога се случило чудо

23.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турист падна од карпа висока 20 метри- неговата жена шокирано посматрала кога се случило чудо

Несреќниот човек паднал од карпа во Рајските пештери, во националниот парк Нуса, но преживеал и бил пренесен во болница со повреди на раката и градниот кош, објави Дејли Меил.

Властите соопштија дека туристот паднал од височина од 20 метри додека со сопругата ги обиколувал пештерите. Властите повикале спасувачка служба, која го однела со хеликоптер, пренесува Дејли Мејл.

На објавената снимка се гледа дека повредениот успеал да стигне на побезбедна локација за да може леталото да го земе и да го пренесе на безбедно.

Имал неверојатна среќа што паднал во водата што се собирала на дното на карпата, која го ублажила ударот и му помогнала да преживее.

„Неговата сопруга беше присутна на инцидентот. Отпрвин бил во несвест, но за среќа ситуацијата се променила. Успеа да ја смени позицијата и да чека помош“, изјави претставник на Брзата помош.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата