Поштарите тргнаа рано за да стигнат на време, а самиот Дедо Мраз присуствуваше на церемонијата во саботата, облечен во долга црвена наметка, и им ги предаде писмата на своите тројца помагачи, објави Индипендент.
Нивното патување до Финска ќе трае околу две недели, во текот на кои ќе возат велосипеди низ Германија, Данска и Шведска.
Тројцата поштари се членови на група волонтери во Германската пошта кои одговараат на писма со желби од деца од целиот свет.
Тие добиваат повеќе од 30.000 вакви писма секоја година, адресирани до поштата во градот Сент Николаус.
Традицијата датира од 1967 година, а секој одговор е придружен со посебна марка.
Градот Сент Николаус е едно од седумте места во Германија кои носат име поврзано со Дедо Мраз, а сите тие места добиваат писма од деца адресирани до него.