Тригодишниот Ноа се бори за живот откако го претепало 12 годишно момче- го ударал од ѕид

17.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тригодишниот Ноа се бори за живот откако го претепало 12 годишно момче- го ударал од ѕид

Ноа Браун (3) е на апарати за одржување во живот во болница во Индијанаполис, откако на 29 ноември бил претепан со каиш и ударан во ѕид.

Тој е седатиран поради повреда на главата и има претрпено бројни напади од инцидентот.

Полицијата на Индијанаполис го уапсила момчето (12) кое го чувало.

Бабата на Ноа, Кенди Кинг, тврди дека момчето имало проблеми со бес и го нападнало нејзиниот внук затоа што почнал да плаче.

Според неа, Ноа останал со момчето пред да биде брутално нападнат.

„Момчето има проблеми со бесот и Ноа почна да плаче. Не можеше да издржи, па го претепа со каиш, го фрли кон креветот и неговата глава удри во рамката на креветот“, рече таа.

После тоа, Ноа удрил во ѕидот, по што се обидел да избега, но се онесвестил под креветот.

„Мораше да биде ставен на апарати за одржување, а дел од черепот му беше отстранет поради повредите“, изјавила неговата мајка Мишел Лејн.

На момчето му претстои долг процес на опоравување, кој дополнително се искомплицира со фактот дека во моментот на нападот имал корона вирус.

„Се молиме и се надеваме дека ќе биде добро“, додала неговата мајка.

Таа рече дека сака сите да знаат што се случило со нејзиниот син за никој друг да не мора да помине низ истото.

Неговата мајка Лејн создала онлајн петиција за воведување закон во Индијана со кој минималната возраст за згрижување деца ќе биде 16 години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата